Проектот „ЕУ за млади“, во соработка со Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ од Охрид, организира настан за претставување на резултатите од реконструкцијата на училиштето, како и за истакнување на пошироките придобивки од поддршката на Европската Унија за стручното образование во Северна Македонија.

Настанот е дел од инвестиција вредна околу 1,7 милиони евра, насочена кон подобрување на инфраструктурата и условите за стручно образование.
OhridNews











