Пред охридските матуранти од средните училишта, дел од наставниот кадар на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, одржа презентации на можностите за студирање на овој факултет.


Факултетот е дел од најстариот македонски универзитет, а е создаден со спојување на информатичките институти од Факултетот за електротехника и комјутерско инженерство и Природно-математичкиот факултет од Скопје. Претставува најголем технички факултет во земјата каде своето образование можат да го продолжат повеќе од 800 матуранти на информатички студии.

OhridNews