Убавините и богатството на планината со ендемичен растителен и животински свет, пред учениците од седмо и осмо одделение во училиште, ќе ги презентираат Огнен Достиноски и Наумче Новески од Јавната установа Национален парк „Галичица“ – Охрид.
Настанот е дел од проектот „Медиумска писменост и култура “ којшто се спроведува во училиштето, а е поддржан од локалната самоуправа.