На Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, утре, 15-ти мај, со почеток во 10 часот ќе се одржи презентација за невролингвистичко програмирање – НЛП на која учесниците ќе можат да се запознаат со принципите и неговата улога во креирањето успешни личности. Организатори на оваа презентација се НЛП Центарот од Белград формиран во 2008 година, кој од јуни 2011 година делува во рамките на Атриа Групацијата чија специјалност се корпоративните тренинзи од областа на комуникациските, продажните и менаџерските вештини, „coaching“ насочен кон решенија, како и различни видови на алатки за проценка, и Факултетот за туризам и угостителство Охрид, а модератор на средбата ќе биде Елена Антоновска Едизер, координатор за отворени програми на НЛП Центарот за Република Македонија.

Невролингвистичкото програмирање е комуникациски модел заснован на субјективното проучување на јазикот, комуникацијата, личната промена и усовршување. По неговото настанување во 70-тите години на минатиот век, од модел со основна примена во психотерапијата, преминува во општо прифатлив модел, со широка примена во спортот, бизнисот, личниот развој и во сите сегменти на животот. Заедничко за сите различни области на примена е ефективната комуникација и насоченоста кон резултатот. Денес, невролигвистичкото програмирање е еден од најраспространетите модели на ефективна комуникација и предмет на интересирање на различни профили на личности.
Обуките на НПЛ Центарот од Белград кој е организатор на оваа презентација се акредитирани од страна на признати меѓународни институции, како што се: Меѓународната асоцијација на НЛП Институти од Берлин, Меѓународната „coaching“ асоцијација, исто така од Берлин и Бесер – Сигмунд Институтот од Хамбург.












