Во среда, со почеток во 11 часот во Хотел Дрим Струга ќе се одржи завршната активност од регионалниот проект за Набавка на опрема за детектирање на губиток на водите во југозападниот плански регион и примопредавање на опремата на општините од овој регион.

Истиот ден, Центарот за развој на Југозападниот плански регион заедно со изведувачот , фирмата Метал-Електрик, организираат и презентација  за Основниот проект за фекална канализација за Општина Вевчани и дел од струшката општина, како дел од проектот „ Изработка на основен проект за фекална канализација за Општина Вевчани и дел од струшката општина (односно населбите Долна Белица, Октиси, Подгорци и дел од Велешта). Презентацијата  ќе се одржи со почеток во 12:30 часот во салата на Совет на Општина Струга.

OhridNews