Со цел да се престават можностите на „Хоризонт 2020“ новата рамковна програма за истражување и иновации и да се открие потенцијалот кој таа го предлага за истражувачите при УИНТ во просториите на Универзитетот се одржа презентација на програмата. Академскиот кадар отвори дискусија поврзана со темата и беа разгледувани различни можности за поскоро вклучување на УИНТ кон оваа рамка за развој на истражувањето и иновативноста во Европа.

Хоризонтот 2020 е финансиски инструмент за спроведување на Унијата за иновации, иницијатива на Европа 2020, насочена кон обезбедување на глобалната конкурентност на Европа. Започнувајќи од 2014 па се до 2020 со буџет од над 70 билиони евра, новата програма на ЕУ за истражување и иновации е дел од стремежот да се создаде нов економски раст и работни места во Европа.

– Програмата на  Хоризонтот 2020  ја комбинира финансиската поддршка на истражувања и иновации, обезбедена преку Рамковната програма за истражување и технолошки развој, Рамковна програма за конкурентност и иновации и Европскиот институт за иновации и технологија. Хоризонт 2020 година ќе се справи со општествените предизвици преку премостување на јазот помеѓу истражувањето од една страна и реалниот постоечки пазар од друга, потенцираат од „Св. Апостол Павле“.

Меѓународната соработка е приоритет на Хоризонт 2020 обезбедувајќи стратешки и кохерентен пристап кон истата, со основна цел – рушење на бариерите за да се создаде вистински единствен пазар за знаење, истражување и иновации.

OhridNews