Во рамките на активностите за презентирање на одредбите од Законот за постапување со бесправно изградени објекти пред граѓаните во општините во Република Македонија, денес ќе се одржи презентација пред граѓаните на општина Струга.
 
Презентацијата за граѓаните на општина Струга ќе се одржи во салата на Советот на општината со почеток во 15 часот и на истата ќе присуствува заменик-министерот за транспорт и врски Горан Михајловски.

Јавните презентации за Законот за постапување со бесправно изградени објекти се од отворен тип и на истите се поканети да присуствуваат сите заинтересирани граѓани кои можат да постават свои прашања во врска со решенијата содржани во законот и нивната имплементација.

OhridNews