Денеска во општина Охрид, тимот на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција, одржа регионален состанок со претставници на локалната самоуправа, основните и средните училишта, кои се вклучени во третата фаза на имплементација на проектот.

Учесниците на состанокот  беа запознати со концептот за меѓуетничката интеграција во образованието и добија насоки за вклучување во проектните активности.

Во оваа фаза ќе бидат вклучени 40 нови општини и 183 средни и основни училишта од Република Македонија.

OhridNews