Стратегијата за развој на туризмот во Охрид за периодот од 2016 до 2020 година, беше презентирана на третата прекугранична средба од регионалниот проект за Охридското Езеро, што пред два дена се одржа во Поградец во Албанија.

Пред експертите од локалните и државните администрациии од Албанија и Македонија, секторите за туризам и локален економски развој, култура, заштита и одржлив развој на животната средина, стратегијата за развој на туризмот во Охрид,  ја презентираше Ѓоко Апостолов, раководител на Секторот за туризам и локален економски развој.

Според информациите кои се дел од Програмата за поттикнување на развојот на туризмот за 2016 година, новата Стратегија за развој на туризмот предвидува повеќе мерки чија што цел е подигнување на нивото во туристичкиот сектор и одредување на насоките на идниот развој на Охрид како главен туристички центар во регионот. Активностите ќе бидат реализирани во рамки на ИМЕ Програмата имплементирана од SwissContact и општина Охрид како главен координатор на активностите. Се очекува со реализацијата на овие активности да се подигне квалитетот на услугите во туристичко-угостителскиот сектор.

OhridNews