Денес, Општина Струга, преку Одделението за меѓународна соработка и европски фондови, успешно го реализираше Инфо денот за програмата Erasmus+ во просториите на Europe House Struga, со учество на претставници од основните и средните училишта во општината.

Особено е значајно што Одделението има назначено Координатор за програмата Erasmus+, кој ќе обезбедува континуирана поддршка за училиштата – од регистрација и аплицирање, до спроведување на активностите и проектите. Општина Струга останува посветена на јакнење на образованието, европската соработка и создавање реални можности за развој на образовните институции. Чекор поблиску до европското образование – заедно, посочуваат.
OhridNews












