Во просториите на општина Охрид се одржа презентација на инструментите за поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој.
На презентацијата на која учествуваа компаниите од регионот како и претставници на Универзитетот за информатички науки и технологии, Факултетот за туризам и угостителство и невладинит организации, беа претставени понудените инструменти и можности.
Преку Фондот ќе се обезбедат средства за поттикнување на иновативноста кај компаниите преку четири финансиски инструменти како што се кофинансирани грантови за start-up, спин-оф компании и иновации, кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации, кофинансирани грантови за трансфер на технологии и техничка помош преку деловно-технолошки акцелератори .
Се охрабруваат компаниите и другите институции кои се заинтересирани и можат да аплицираат за грант средства, да ги разгледаат понудените можности за финансирање. За сите потребни дополнителни информации да се обратат до Фондот за иновации и технолошки развој кој останува да пружи поддршка при процесот на апликација.
Инаку, Фондот за иновации и технолoшки развој има за цел промовирање и поттикнување на иновациската дејност, подобрување на пристапот до финансиски услуги за иновации, развивање на инфраструктура за иновации и технолошки развој и развој на партнерства помеѓу универзитетите, истражувачките центри и приватниот сектор во Република Македонија.
OhridNews