Ова беше истакнато на денешната презентацијата на новите регистарски таблички за возилата во Македонија, што денес се одржа во просториите на компанијата каде се изработуваат табличките “Раде Кончар“.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, потенцираше дека за разлика од старите таблички, новите ќе имаат четири бројки кои заедно со 20-те букви кои се користат, овозможуваат околу четири милиони комбинации кои се многукратно повеќе од сегашните.
Новите регистерски таблички се изработени согласно европските стандарди и поседуваат далеку повисок степен на заштита од досегашните. Согласно донесениот правилник, граѓаните нема да бидат изложени на непотребни трошоци, односно старите регистерски таблички кои веќе ги поседуваат ќе важат и во иднина и не постои законска обврска истите да бидат сменети, освен доколку граѓанинот не сака да го стори тоа. Новите регистерските таблици, ќе се издаваат доколку возилото за прв пат се регистрира на територијата на Република Македонија, при промена на регистарско подрачје или при замена на изгубена регистарска таблица.