Делегација од Европска унија, составена од 21 амбасадор на држави членки на ЕУ, а предводена од шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Н.Е. Дејвид Гир, беше во посета на Охрид со цел запознавање со тековните и идни проекти кои би можеле да бидат поддржани од нивна страна.

„Заштита на охридскиот регион и Охридското Езеро како и изградба на пречистителна станица“ беше темата на која се дебатираше со високите евро претставници.

Како најзначаен проект беше проектот за изградба на канализациски систем и пречистителна станица за отпадни води во село Трпејца. Презентацијата на проектот ја изврши проф. др. Гоце Тасески од Градежниот факултет во Скопје, информираат од Општина Охрид.

Пред присутните амбасадори градоначалникот Кирил Пецаков ги презентирше ангажманите на Општина Охрид во изработка и реализација на проектите меѓу нив зачувување на автентичниот изглед на централното градско подрачје за кое има предвидено унифицирана урбана опрема и веќе предвидени финансиски средства во буџетот на Општина Охрид.

Ги запознав и со постапката за реконструкција на плоштадот „Чинар“ и со изработката на проектот за реконструкција на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“. Целта на овие проекти е враќање на некогашниот препознатлив и специфичен лик на градот. Ја истакнав нашата визија за намалување на сообраќајот во централното градско подрачје, за чија цел имаме изготвено проекти за проширување на мрежата на велосипедски патеки, додека во завршна фаза е прибирањето на потребните одобренија за изградба на катна гаража. Со тоа во голема мера ќе се реши метежот во центарот на градот, вели Пецаков.

Презентирани биле и проектите за уредување на просторот од некогашната касарна „Михајло Апостолски“ каде има предвидено реализација на централен парк и зона за прошетка и рекреација на граѓаните. Во проектот е вклучено и реконструкција на постојните објекти.

Презентирана беше и нашата активност за дислокација на допонијата „Буково“, како и проектите за изградба на нова канализациона мрежа вдолж сливното подрачје на Охридското Езеро и за изработка на проекти за водоснабдување на приградските и рурални средини во Охрид, со што би се решил долгогодишен и горлив проблем. Во делот на заштитата на Охридското Езеро со гордост можам да кажам дека како градоначалник и како Локална самоуправа ги поминавме сите преговори со компанија која потекнува од земја членка на ЕУ, а ќе инвестира во Охрид во производство на пловни објекти на сончева енергија, електрични мотори и мотори на сончева енергија наменети за пловните објекти. Со реализација на инвестицијата ја започнуваме и наредната фаза, а тоа е постепена проемна на моторите од веќе постоечките пловни објкети во Охридското Езеро со овие нови и незагадувачки мотори, вели Пецаков.

Во насока на зачувување на статусот од УНЕСКО ги истканав нашите заложби кои ги манифестираме преку конкретни проекти, вели Пецаков, како работење на Планот за управување со Охридското сливно подрачје, заложбите за носење на нов Генерален урбанистички план кој ќе биде во согласност со Планот за управување на Охрид.

Нашата соработка, додаде Пецаков, со Делегацијата на ЕУ во Република Македонија е одлична, а како резултат на тоа е имплементацијата на големиот проект „Ohrid GO“ кој целосно е финансиран од Европската унија.

Тука сме со шефовите на мисиите на земјите членки на ЕУ како дел од нашата поддршка за Охрид. Цврсто веруваме во важноста на Охрид поради неговата исклучителна природна убавина и извонредното културно наследство. Истовремено ни е јасно дека Охрид треба да бид е град што ќе нуди можности и вработување најмногу за своите најмлади граѓани. Затоа соработуваме со сите различни групи, со властите на централно ниво, со локалните власти, со граѓанските организации и бизнис секторот за да дадеме што е можно повеќе можности во Охрид и за да се осигураме дека Охрид успева да ја задоволи обврската да го заштити своето инзвонредно културно и природно наследство заедно со УНЕСКО и да биде град со можности за живот, рече шефот на делегацијата на Европската Унија во Скопје, амбасадорот Дејвид Гир, при посетата на Касарна Хаб.

Во Касарната, потенцираше, може да се пружат различни услуги за граѓаните, истакнувајќи дека финансиски ќе поддржат изработка на Физибилити студија со која ќе се утврди на кој начин ова место може да им пружи повеќе можности на граѓаните.

Има повеќе работи што може да се направат во касрна Хаб, не само за градот туку и за целиот регион. Право ова е јавен простор, второ е иновативноста-младите да се вклучат во развој на своите идеи и трето е можноста што ја нуди да се слушне што му е потребно на локалното население. Се надеваме дека локалната самоуправа заедно со граѓанските организации, бизнисите и малдите луѓе заеднички ќе соработуваат овој центар Касарна Хаб да го направат навистина успешна приказна, додаде Гир.

Истакна дека денес биле во посета и на НП „Галичица“, потенцирајќи дека прашањето за дивоградбите е многу важно во контекст на УНЕСКО, но важно е и општо затоа што навлегува во сржта на владеењето на правото.

Првата работа е што нелегалното градење треба веднаш да се запре по дефиниција затоа што претставува повреда на владеењето на правото што значи дека веднаш тоа треба да прекине. Особено во вакво подрачје кое што е познато по својата природна убавина. Нелегалното градење автоматски претставува закана за таа природна убавина е тоа е она што УНЕСКО постојано го повторува. Секако во однос на постојните дивоградби тоа е прашање кое што бара, односно неопходно е да се разгледа од повеќе различни чинители. Во игра доаѓаат судовите, Јавното обвинителство, централните власти и секако локалните власти коишто треба да соработуваат за да го решат прашањето, додаде Гир.

Н.С.Ј.