Од Дебарско- кичевската епархија информираат дека денес и утре во црквата Св. Богородица Каменско ќе се одржуваат литургии во рамки на страсната недела пред Велигденските празници.
Со почеток во 17 часот во црквата Св. Богородица ќе се одржи бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие. Утре, во 7 часот, во Каменско верниците ќе може да присуствуваат на часови и Архиерејска Преждеосвештена литургија, едноцрквие.
Вечерта, во 17 часот, ќе се одржи мало повечерие со канон во сите цркви во Охрид, со почеток во 17 часот.
OhridNews