Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос ја пречекуваат екипата на Победа Прилеп на Градскиот стадион . Натпреварот е со почеток во 14 часот.

Фудбалерите претходно одиграа пријателски натпревари со ФК Струга ТЛ, а во подготовките за престојната полусезона следат покрај денешниот уште два со екипата на Брегалница на 1-ви февруари и со Работнички на 3-ти февруари.

Денес со почеток во 15 часот, и гладијаторите играат пријателски натпревар со тимот на Куманово. Натпреварот ќе се одигра во салата „Билјанини извори“.

Екипата на ГРК Охрид во Шабац беше на зимски подготовки во рамките на кои одиграа пријателски натпревари со екипите на Црвена Ѕвезда и Партизан.

OhridNews