Министерството за образование и наука информира дека поради технички пречки нема да биде во можност да ги прифати електронските пријави испратени на Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови.

За оние јавни ученички домови за кои со Конкурсот е предвидено пријавување со електронска пријава, потребно е документите да се достават до јавниот ученички дом, каде ученикот бара да биде примен.

Сите други услови од Конкурсот остануваат исти.

OhridNews