Укажувачот Ѓорѓи Лазаревски и неговиот колега Звонко Костовски од денеска повторно се враќаат на своите работни позиции во МВР.

Звонко Костовски е главниот инженер во Одделот за одржување и телекомуникации на Петтата управа во УБК, а потоа раководител во одделот за информатичка и техничка поддршка. Костовски го надгледувал техничкиот процес на спроведување на незаконското следење на комуникациите. По барање на лидерите на групата која е обвинета во предметот „Таргет-Тврдина“, тој креирал посебни кориснички профили и ги групирал со име „важно“ овозможувајќи им на креаторите на групата пристап до системот за надзор и можност да ги слушаат пресретнатите комуникации лично на своите компјутери.

OhridNews

Макфакс