Фестивалот е во организација на охридското културно уметничко друштво Охриѓанка, кое има за цел да ја негува и претставува богатата македонската култура и традиција. На фестивалот ќе земат учество гости од: Латвија, Романија, Турција, Хрватска, Бугарија, Србија, Полска, Босна и Херцеговина и Македонија.
Првата фестивалска вечер, ќе се оддржи на 12- ти август, а втората на 13- ти август. Фестивалот ќе започне со дефиле по охридските улици, чаршијата и плоштадот, каде што охриѓани и многубројните туристи ќе имаат можност да ги видат гостите- учесници и разнобојните, автентични носии од претставниците од различните земји од каде доаѓаат учесниците.
Главниот настап на учесниците ќе се одржи на плоштадот Свети Климент Охридски со почеток во 20:30 часот.