Изработката на планската документација за индустриската развојна зона кај Мауцкер е во завршна фаза, информираат од локалната самоуправа.

На Секторите за урбанизам и Комунален развој и сообраќај даден им е рок до крајот на годината да ја подготват потребната документација, по што ќе следи и постапка за поделба на индустриската зона на парцели.

Откако ќе бидат утврдени парцелите ќе се објави постапката за нивно  издавање  со цел да се привлечат што поголем број инвеститори кои ќе можат на тие локации да отворат мали и средни претпријатија во кои би се вработиле голем број охриѓани, изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

Бакрачески потенцира дека земјиштето на кое ќе се гради индустриската зона е во сопственост на државата. 

Т.К.