Вчера, во 15 часот, телефонски во охридската Полициска станица се јавил Т.Д.(1960) од Охрид и пријавил кражба во неговиот стан.
Од страна на увидна екипа излезено е на лице место и констатирано дека непознат сторител во времето од 09,00 до 15,00 часот со употреба на погоден предмет го скршил цилиндерот од влезната врата, извршил пребарување и од одзел 350.000 денари и златен накит (ланчиња и приврзоци), причинувајќи материјална штета од околу 1.750.000 денари.











