Утрово во 04.00 часот, кај месноста „Грашница“ во Охрид, лишен од слобода бил  38-годишен охриѓанец.

Тој претходно физички ги нападнал полициските службеници кои преземале службени дејствија во врска со „незаконит риболов“. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Синоќа, пак, во 22.00 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид при контрола на патничко возило со охридски регистарски ознаки, паркирано на улицата „Будва“ во Охрид, затекнале две лица од  Австралија, кај кои била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријав, соопшти Димоски.

OhridNews