На 08.09.2023 година од 13.00 до 19.00 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници во Охрид затекнале и санкционирале 14 возачи.

Тие во и надвор од населено место управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, за сторениот прекршок надвор од населено место се санкционирани 6, а во населено место 8 возачи, информираат од СВР Охрид.

Во Струга, пак, велат затекнати се двајца возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол.

Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, додаваат од СВР Охрид

OhridNews