Никој искрен навивач на македонската ракометна репрезентација и љубител на ракометот нема да ги заборави неверојатните победи над Полска во Хрватска на СП 2009 и во Србија на ЕП 2012.
А, натурализираниот македонски репрезентативец Немања Прибак се присети на тие победи пред меѓусебниот дуел во втората рунда од А групата.
– Домашниот терен е голема предност. Од 1992 година гледам ракомет и секогаш домаќинот има ветар во грбот. Публиката ти дава енергија, одбраната е напалена, адреналинот на голманите е многу висок, во нападот играш во транс и не се плашиш. Полска има баш таков тим на кој му потребна поддршка во клучните моменти. Моите соиграчи ја победуваа Полска во Вараждин и Белград, а зошто не и сега со мене во составот. – рече ракометарот на Бешикташ.
Во првиот натпревар Македонија загуби од Франција додека Полска потешко од очекувањата ја совлада Србија.
Мх.П.