Натурализираниот македонски репрезентатиец Немања Прибак од следната сезона ќе го носи дресот на Бешикташ.


Средниот бек со турскиот преставник во Лигата на Шампиони потпиша две годишен договор пренесува „Балкан Хендбол“.

Бешикташ веќе избори пласман во ЛШ за следната сезона, а клубот има амбиции да се натпреварува во регионалната СЕХА лига затоа квалитетни засилувања како Прибак се неопходни.

Прибак и дефинитивно заминува од Вардар иако навивачите на клубот негодуваа на оваа одлука од управата да го продадат миленикот на публиката.

Покрај македонскиот репрезентативец по завршувањето на сезоната Вардар ќе го напуштат Марковиќ, Растворцев и Чипурин.

Мх.П.