Во пожарот кој избувна вчера во куќа во Охрид ул. „7-ми ноември“ со потегот со ул. „Охридска бригада” причинета е голема материјална штета. Пожарот бил најверојатно предизвикан од каблите од електричната инсталација, информираат од ТППЕ Охрид.
Покривот од куќата и горниот спрат каде имало три соби се речиси целосно изгорени, а бидејќи станува збор за стар модел на градба од греда и трска при гаснењето на пожарот водата предизвикала оштетување и на долниот кат од куќата, информираат од ТППЕ Охрид.
Во пожарот нема повредени лица, а како што информираат од противпожарната служба во Охрид било интервенирано со две возила и седум пожарникари од ТППЕ Охрид.
К.А.












