Советот за оценка на обвинителен акт надлежен да постапува по обвинителниот акт КО бр 21/19 поврзан со настаните од 27 април 2017–та година во Собранието на РМ, по одржана јавна седница како и ценење на фактите и доказите во истиот, донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост, информираат од Кривичниот суд во Скопје.

По веќе оценетиот обвинителен акт, формиран е кривично – правен предмет кој согласно АКМИС–системот ќе биде распределен кај судија на понатамошно постапување за што странките и јавноста ќе бидат дополнително информирани, се вели во соопштението на судот.

Обвинението се однесува за организирање на настаните во Собранието на 27 април 2017 година, а осомничени се поранешни министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Велјановски и екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски.

OhridNews