Во организација на Едриличарската федерација на Република Македонија, а со поддршка на Општина Охрид, подготвена е пригодна програма по повод Денот на Охридското Езеро, 21-ви јуни.

Во понеделник, 20 јуни, ќе се одржи Панел- дискусија: „Запознај го едрењето – заштити го езерото“ на која ќе говорат Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид, претставник на ЕУ мисијата во Република Македонија, Будимир Соколовиќ – претседател на Едриличарската федерација на Република Македонија, Даниел Богнер – експерт за заштитени подрачја, претставник од Хидробиолошки завод – Охрид и Горан Устијаноски – раководител на Капетанија на пристаништата.

На 21 јуни Едриличарската федераци во склоп на проектот „Запознај го едрењето, заштити го езерото” финансиран од делегацијата на ЕУ во РСМ, организира отворен едриличарски ден, односно бесплатни тури со едрилици по Охридското Езеро.

Со почеток во 10 часот, на градските пристаништа во Охрид и Струга, сите заинтересирани ќе имаат можност да се запознаат со едрењето. Турите се организирани на секој еден час, со времетраење од по 45мин.

Целта е граѓаните да асе запознаат со едрилиците како еколошки пловнио објекти кои не загадуваат.

Истиот ден во црквата Св.Софија со почеток во 19.00 часот ќе се одржи солистички концерт на познатиот пијанист Алекандар Јаковлев.

Носители на настанот се Општина Охрид, Општина Поградец, Општина Струга, невладини организации од трите градови, во соработка со Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.

OhridNews