Женскиот фудбалски клуб Билјанини Извори претрпе пораз од 2-3 (1-2) од бугарската Спортика на пријателскиот меч одигран во Охрид.


Стрелци на головите за гостите од Благоевград беа, Попадинова, Петрунова и Григорова, додека двоен стрелец за охридскиот тим беше Вретоска.


Поради лошите временски услови одигрувањето на мечот до последен момент беше доведен до знак прашалник. Доколку временските услови дозволат утре ќе се одигра уште една средба.

М.П.