Охридските фудбалски судии беа подобри од струшките во пријателскиот фудбалски меч во мал фудбал кој се одигра во Струга.

По долгогодишна пауза повторно се воспостави мостот на пријателство , а охриѓани гостуваа во Струга и забележаа “тесна“ победа од 8-7. Творец на триумфот беше претседателот на ОФС Диме Попоски кој во финишот на мечот со својот “хет-трик“ го заврте резултатот во полза на охриаѓни.

Оваа победа е една од најдрагите во мојата спортска кариера. Извојувана е на “жешкиот“ терен во Струга, а секој триумф над “лутиот“ противник и сосед е многу важна.  На мечот влегов во игра во вториот дел и успеав да постигнам хет трик, не сакам да помислам што ќе го снајдеше тимот на Артан Асани доколку играв од почетокот – рече  Попоски.

На средбата меѓу фудбалските судии присутен беше координаторот на третата лига Југозападен регион, Аргентин Асани,  членот на УО на ФФМ Тони Иваноски, како и претседателите на ОФС Струга Скендер Таири и ОФС Охрид Диме Попоски.

Ohridnews