Охридскиот второлигаш Охрид Лоте ја искористи паузата во македонскиот фудбалски  шампионат и одигра пријателска средба со прволигашот Напредок, која заврши без голови 0-0.



Мечот на “Билјанини Извори“ помина во знак на голманите кои имаа свое шоу меѓу стативите, излудувајќи ги напаѓачите.

Во финишот на првото полувреме Пашоски му “фати“ пенал на Стисниовски, додека Фатмир беше ноќна мора за избраниците на охриѓанецот Бочески.


Мх.П.