Прославениот германски тенисер Борис Бекер во својата нова автобиографија оддели дел за моменталните случувања во белиот спорт.
Бекер, кој е дел од тренерскиот тим на Ѓоковиќ напиша дека пријателството меѓу неговиот ученик и швајцарскиот тенисер Рожер Федерер е лажно.
– Тенисот нема занимливи ривалства бидејќи големите играчи се уплашени дека ќе бидат санкционирани поради нивното однесување. – рече Бекер и додаде околу лажнато пријателство на тениските ривали. – Јавна тајна е дека Федерер и Ѓоковиќ не се поднесуваат. Но, тие мораат да глумат поради репутацијата која ја имаат во светскиот спорт.
Германецот, исто така направи паралела на тенисот некогаш и сега. – Ми викаат дека тенисот не е тоа што беше. Јас им викам дека не е така бидејќи тенисот прераснува во шоу, а не спортски натпревар. Околу себе имаат микрофони, се слуша се што ќе речат и се гледа секој манир на нивното лице.
Ohridnews