Дваесет и шестгодишна девојка од струшкото село Делогожда вчера била пријавена за исчезната во полициската станица во Струга, информираат од МВР.

Нејзиното исчезнување го пријавил четириесет и четири годишен жител од истото село, кој на полицијата и раскажал дека неговата внука заминала од дома ноќта околу 2 часот и 15 минути.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојката.

OhridNews