На телефонскиот број 0800 54321 граѓаните ќе можат да пријават било каква повреда на избирачкото право.
Оваа бесплатната линија во канцеларијата на Народниот правобранител е отворена со цел да им се овозможи на граѓаните, доколку забележат, да пријават неправилности на денот на гласањето.
Проектот е финансиран од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.