Како што информираат од владата, до крајот на 2012 ќе може електронски да се врши пријавувањето и одјавувањето на здравствено осигурување, при што фирмите по електронски пат ќе го информираат Фондот за здравствено осигурување за промените. Електронски ќе се вршат и пријавите и одјавите за избран матичен лекар.

Фирмите ќе може по електронски пат да аплицираат и за издавање електронски здравствени картички,а електронски ќе може да се проверува и статусот на издадено здравствено осигурување. Со тоа ќе се овозможи лесна проверка дали пациентите се осигурени, а тие на лекар ќе можат да одат без да носат сини картони.

Услугите се дел од првата фаза на проектот „Електронско осигурување“. Од 2013 е предвидено да почне и втората фаза во која ќе се воведуваат услуги во корист на осигурениците, како поднесување барања за поврат на средства за медицинско или болничко лекување, поврат на средства за ортопедски помагала.

OhridNews