Пријавувањето за субвенциите за поголем дел од земјоделското производство е до 31 мај, а исплатата ќе се врши според сезонскиот карактер на производството.

Полјоделците кои одгледуват житни и индустриски култури ќе добијат по 9.000 денари по хектар, а  за поголеми површини субвенциите процентуално ќе  се намалуваат. Дополнителни 1 000 денари ќе се добива и за производството на  добиточната храна, потоа по 3.000 за сончоглед, ориз и за  употреба на сертифициран семенски материјал. За доматот и краставиците субвенциите се 30.000 денари, а за другите видови зеленчук, 25. 000 денари по хектар.