Центар за култура „Григор Прличев“

Од 14.02.2026 - 12:00 до 14.02.2026 - 13:00

Приказната за „Биби и Боби во светот на бајките” во НУЦК „Григор Прличев” – Охрид ќе биде прикажана во сабота 14.02.2026 година, почеток во 12.00 часот.

„Биби и Боби во светот на бајките” е компилација од четири омилени и нови сказни: „Снежната кралица”, „Биби и вретеното”, „Биби и зрното грашок” и „Биби, Боби и волче (Трите прасиња)” која ќе ги однесе децата во незаборавна зимска авантура исполнета со новогодишни песнички, магија, хумор и поуки за пријателството и добрината.

Карти може да се набават на билетарата при Центарот за култура по цена од 100 денари секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 10:00-12:00 часот на денот на проекцијата на филмот.

OhridNews