Приказната за Силјан е визуелно силен и медитативен филм за издржливоста, грижата и малите дела кои менуваат животи. Откупен е од страна на National Geographic, а премиерно во НУЦК “Григор Прличев” – Охрид ќе биде прикажан во среда 11.02.2026 година, со почеток во 20.00 часот.

Филмот е под режисерската палка на Тамара Котевска, а во истиот играат Никола Цонев, Јана Цонева, Илина Цонева, Александар Цонев, Александра Цонева, Стојче Филипов, Иле Стојковски.
Времетраењето на филмот е 80 минути.
Карти по цена од 200 денари може да се купат на билетарата при Центарот за култура секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на проекцијата на филмот.
OhridNews











