Приколка натоварена со боци (шишиња) наполнети со хелиум, азот и аргон, пропаднала во провалија, откако се откачила од камионот кој се движел вчера околу 18:30 по магистралата Гостивар–Кичево.

Според полициски извори, од сé уште неутврдени причини, на камион “сканија” со албански регистерски таблички, во близина на „Сретковски мост” му се откачила приколката, која што ја пробила заштитната ограда и пропаднала во провалија длабока над сто метри.

По пријавата, било утврдено дека товарот се состоел од шишиња наполнети со повеќе видови гас. Камионот и товарот биле сопственост на фирма од Република Албанија.

Од полицијата информираат дека по извршениот увид на јавниот обвинител и крим техника, местото е обезбедено и се вршат проценки дали може да дојде до поголеми последици по околината и здравјето на луѓето.

Набрзо по несреќата била повикана и специјализирана екипа која треба да утврди какви ризици постојат од оваа несекојдневна сообраќајна незгода.

OhridNews

Извор:„МИА“