Регуларниот дел во ракометната Супер лига ќе продолжи без тимот на Прилеп, откако ракометниот клуб и официјално се повлече од понатамошните натпревари.

Причина за повлекувањето се финансиските ресурси кои останаа дефицитарни после промената на градските власти во Прилеп. Играчите еден по еден си заминуваа, а искра надеж постоеше до последниот ден од преодниот рок по кој Прилеп остана без играчи.

Повлекувањето на Прилеп само ја потврдува лошата финансиска ситуација која владее во македонскиот ракомет, покрај успесите на клупски и репрезентативен план.

Мечевите во Супер лигата продолжуваат викендов, но ракометот изгуби многу со повлекувањето на Прилеп кој некогаш имаше свои шампионски блесоци во македонскиот спорт број еден моментално.

OhridNews