На 19 мај во Охрид во организација на карате клубовите „Чоле“ и „Кун-су-то“, втора година по ред се одржа Меѓународен турнир во карате под името „Охрид опен 2019“. На турнирот учествуваа вкупно 31 клубови од Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија, а татамите продефилираа околу 400 натпреварувачи во 480 категории.

 

  • Турнирот помина во прекрасна и натпреварувачка атмосфера. На сите клубови им се заблагодаруваме за учество и довербата која ни ја дадоа. Овој турнир и нашите успеси се мотив голем за понатамошните предизвици кои ни следуваат. – изјави организаторите.

Најуспешен клуб на турнирот во Охрид беше Сансаи од Прилеп. Голема радост за охриѓани донесе екипата сочинета од каратисти родени 2008/09 година која триумфираше во кати, а во останатите поединечни возрасни категории охридските каратисти исто така се закити со бројни награди и признанија. За издвојување е генерацијата 2012 и помлади која се закити со медал победувајќи ги сите противници кои им застанаа на патот до пиедесталот.

OhridNews