Во Основниот суд во Прилеп утринава беше изречена пресудата за убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ.

Судот обвинетите ги прогласи за виновни за кривичното дело „учество во толпа што ќе предизвика кривично дело“. На првообвинетиот Митре Костоски изречена му е затворска казна во времетраење од 4 години, на второобвинетиот Илче Јоноски 4 години и 6 месеци затворска казна, и на Драган Ѓорѓевиќ, кој се уште е во бегство, му е изречена казна затвор од 5 години.

Ѓоко Наумоски, кој се товари за ова кривично дело, но не учествувал во тепачката во која беше убиен Новаковиќ, доби затворска казна од една година.

Притворот на обвинетите ќе биде пресметан во затворската казна.

Еден од адвокатите на обвинетите, Воислав Димовски, за OhridNews изјави дека ќе биде поднесена жалба по пресудата по сите основи.

Ние како адвокати на одбраната сметаме дека со изречената пресуда Основниот суд во Прилеп направи еден вид компромис во однос на правната квалификација на обвинението кое сепак е далеку од она што реално се случувало на денот на убиството. Во врска со изречената казна на Ѓоко Наумоски, наш став е дека таа е изречена единствено со цел да се оправда претходно изречената мерка притвор, изјави Димоски.

OhridNews