Согласно позитивните законски прописи, многу важно е активностите предвидени во планските документи да бидат соодветно и ефективно применети во пракса, истакнаа претставниците на Бернската и Рамсарска конвенција како и експерти од комисиите на УНЕСКО при посетата на Национален парк Галичица.

На средбата беше претставена работната верзија на Посебниот план за управување со локалитетот Св. Наум, ПУ со НПГ за 2021-2030, илегалните градби во строго заштитените зони во паркот, информираат од ЈУНП „Галичица“.

Претставниците на мисиите, заедно со претставници на локалните институции и НВО ја продолжуваат мисијата со увид на терен.

OhridNews