Дежурните екипи на детската клиника во Скопје синоќа примиле 100 пациенти со болки и покачена температура, јавува „Макфакс“.
Лабораториските испитувања покажале дека се работи за бактериски и вирусни инфекции.
Од Клиниката велат дека со новиот биохемиски анализатор за помалку од пет минути се добиваат резултати за крвната слика што е многу важно во итни случаи при давање на терапија.
Министерот за здравство, Никола Тодоров кој денеска ја посети Детската клиника вели дека со новата опрема се заштедени 2 милиони денари, што се трошеле претходно за поправка на старата опрема.
OhridNews
извор:„Макфакс“