Откако минатата седмица решил да ја стопира романсата со пејачката Моли Кинг, принцот Хари повторно се свртел кон старата девојка Челси Дејви, а британските медиуми известиле дека на повидок е ново помирување. Доколку овие наводи се точни, тоа ќе биде нивно четврто помирување во последниве седум години, а одамна е познато дека Челси е најголемата љубов на Хари, и дека е единствената негова поранешна девојка која била поканета на венчавката на принцот Вилијам и принцезата Кејт.
Челси и Хари интензивно се гледале веќе неколку седмици, но ниту тој ниту таа не сакале да зборуваат за тоа дали ќе се смират. Факт е дека помеѓу нив постои голема привлечност и дека љубовта помеѓу нив никогаш не исчезнала. Претставникот за медиумите на принцот Хари одбил да ги коментира овие наводи.