Франческо Тоти и следната сезона ќе биде дел од Рома откако со претседалот на клубот Џејмс Палот постигнале усмен договор.
Живата легенда на „волчицата“ се наоѓаше на излезни врати од клубот каде го помина целиот живот по нарушувањето на односите со тренерот Лучијано Спалети.
Покрај фудбалскиот договор кој ќе биде од времетраење од една година, Палота на Тоти му понудил и работа после завршување на кариерата која најверојатно фудбалерот ќе ја прифати.
Но, за да не се сите добри вести за Рома периодов се погрижи Милан кој за услугите на Един Џеко испрати понуда во висина од 13 милиони евра.
„Росонерите“ на босанскиот дијамант му нудат плата од 4.5 милиони евра по сезона по која ќе стане најплатен фудбалери во Серија А.
OhridNews