Предвидено е тој да оствари средби со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Груевски и со министрите за надворешни работи и за култура Никола Попоски и Елизабета Канческа Милевска.
Како што информираат од британската бизнис-група во Македонија, во рамки на петдневниот престој во Македонија, принцот Мајкл и британските бизнисмени ќе имаат средби со стопанственици од областа на земјоделството, рударството, од фармацевтската и од автомобилската индустрија. На агендата се и средби со локални бизнис-лидери, а во насока на разгледување на можностите за воспоставување деловна соработка и нови британски инвестиции.
Принцот Мајкл, покрај неговата ангажираност во непрофитни активности, има своја бизнис-кариера како консултант во повеќе области.
Роден е 1942 година. Тој е четврти син на кралот Џорџ Петти и принцезата Марина, која е ќерка на принцот Николас од Грција и на големата војвотка Владимировна од Русија.
Посетата на Мајкл од Кент е трета посета на член од британското кралско семејство на Македонија. Принцот Чарлс од Велс ја посети Македонија во 1998 година, а принцот Едвард во 2006 година ги отвори новите простории на Британската амбасада.