Фудбалската икона на Рома, Франческо Тоти се наоѓа во немилост кај старо-новиот тренер Лучијано Спалети и се поретко добива шанса, а ако ја добие е скромна и незамислива за негов калибар.
Тоти трпението го изгуби по мечот со Реал Мадрид во Лигата на Шампиони кога Спалети го стави во игра во последните неколку минути од натпреварот. „Волчицата“ го изгуби мечот (2-0), но постапката со Тоти на Спалети најмногу се коментираше.
– Уште се осеќам психички како фудбалер и дека можам да помогнам. Повредите се зад мене и тоа што сум на клупата е само одлука на тренерот. Со ваков третман не ќе можам долго да останам во Рома. Искрено, ме боли тоа што сум на клупа. Знам дека поради годините ќе добивам помалку шанса да играм, но не сакам на ваков крај со мојот од клуб од детството. – рече Тоти.
Капитенот и тренерот не се во најдобри односи, а тоа го потврди „бимбо де оро“ или златно момче од Рим. – Еден на друг си кажуваме добро утро и добро вечер. За мене многу троши зборови во медиумите, а лично мене тоа никогаш ми го нема речено.
OhridNews











