Новиот стратег на Реал Мадрид, Зинедин Зидан три недели не ќе може да смета на Герет Бејл кој се повреди на дуелот со Спортинг Хихон на Сантијаго Бернабеу.
Велшанецот играта поради повреда на листот ја напушти после првото полувреме во кое го постигна водечкиот погодок за „кралевите“.
Деталните прегледи покажаа истегнување, а докторите му одредија пауза од три недели на Бејл кој сезонава има 13 голови и 8 асистенции.
Брзоногиот фудбалер ќе ги пропушти мечевите со Бетис, Еспањол и Гранада во шпанскиот шампионат.
OhridNews











