Џудо клуб „Дрим“ од Струга и „Порака нова“, во соработка со партнерите од Србија и Романија креираа инклузивен џудо прирачник со адаптирани џудо техники за лицата со интелектуална попреченост.

Примарната цел, како што информира „Порака нова“, е да охрабрат што повеќе џудо клубови во земјата и регионот да практикуваат инклузивно џудо во рамки на нивните тренинзи.

Во прирачникот ќе може да се прочитаат информации како џудото може да се направи да биде одличен инклузивен спорт, кои бенефити ги носи за лицата со интелектуална попреченост, но и ќе служи како алатка за адаптирани џудо техники и игри, кои сите се снимени и во видео формат, стои во информацијата.

Активноста е дел од проектот „Џудо за сите“, поддржан од Европската унија.

OhridNews