На карпата кај некогашната плажа „Атлантик“ во Елешец, повторно никнува слива. Ова дрвце долго беше препознатлив белег на ова место, се до 2013 година кога го исече непознат сторител.
За среќа природата е посилна од деструкцијата на човекот. Од коренот на старата слива на карпата во Елешец повторно никна живот. Овој момент го забележа објективот на страсниот вљубеник во природата и фотограф Петар Бавчанџиев.
Елешец пред години
Малото дрвце во Елешец беше исечено во 2013г.
Природата посилна од човечката деструкција
OhridNews